Списокот на симптоми на варијантата омикрон се ажурира секојдневно.
Повеќето од нив се безопасни, но има неколку на кои им треба внимание, а Центарот за контрола и превенција на болести потврди уште еден симптом кој се јавува кај повеќето.
Иако сојот омикрон, според досегашните податоци, предизвикува поблага клиничка слика од неговите претходници, експертите издвоија некои симптоми кои треба да ги тестираат луѓето за присуство на коронавирус во телото и што поскоро да се изолираат во случај на позитивен резултат.
Американските центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) и институтот Џон Хопкинс објавија дека дијареата може да укажува и на инфекција со омикрон.
Експертите велат дека дијареата се јавува веднаш по инфекцијата кај околу дваесет проценти од заразените.
Дополнително, тие истакнуваат дека овој симптом е почест кај заразените лица кои имаат нарушен имунолошки систем.
Неодамна се идентификувани осум предупредувачки симптоми кои најчесто се појавуваат во раните фази на инфекцијата.
Овие симптоми, велат експертите, може да се појават два дена по изложувањето на омикрон, но дури по четиринаесет дена.
СИМПТОМИ НА ОМИКРОН
-
Чувство на гребење во грлото.
-
Болка во долниот дел на грбот
-
Течење на носот или затнат нос
-
Главоболка
-
Замор
-
Кивање
-
Ноќно потење
-
Болка по целото тело