Во текот на вчерашниот ден, министерот за внатрешни работи на својот фејсбук профил ја објави следната содржина:

Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19.


Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација.


Чувајте се.