Од утре продолжува полицискиот час од 22 часот до 5 часот наутро, но доколку состојбата се влоши можни се и дополнителни рестрикции, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Тој на Сител истакна дека претходниот двонеделен полициски час успеал да ја стабилизира состојбата, меѓутоа во текот на следата недела ќе се знаат точните ефекти.
– Врз основа на последните бројки на новодијагностицирани случаи, врз основа на бројот на пациенти коишто се примаат во болниците во изминатите денови и врз основа на бројот на слободни кревети коишто со менаџирање и прераспределба во изминатиот период го зголемивме, ставот е дека од утре ќе продолжат да важат истите мерки, како и досега, тоа значи дека останува на сила полицискиот час од 22 до 5 часот наутро, а за евентуална дополнителна рестрикција ќе разговараме во текот на неделата врз основа на тоа што ќе се случува следните денови – рече Филипче.