Од 1 декември стапува на сила и забрана за еднократна употреба на пластични пакувања од угостителски објекти во заштитените подрачја, согласно новите закони за управување со отпад.
Со новата регулатива, се овозможува отворање на повеќе нови работни места и точно се регулираат обврските и одговорноста на сите чинители во овој процес, како локалната самоуправа, производителите на отпад, граѓаните, економските субјекти, по принципот ’загадувачот плаќа’.
Дозволена е само продажба на биоразградливи кои ќе бидат екстра лесни и за кои се плаќа надоместок од 15 денари кој во поголем дел ќе оди во фонд за заштита на животната средина.
Од 1 декември се забранува и еднократна употреба на пластични пакувања од угостителски објекти, за почеток, во заштитените подрачја.