Една од поевтините тури кои ги нудат туристичките агенции периодов е посетата на Божиќно село во Трикала, кај Солун, во соседна Грција.
За ова патување, преку агенција, ќе треба да издвоите 1500-1600 денари за возрасен и 1300 денари за деца до 10 години. Во цената обично е вклучен автобуски превоз и патување и разгледување со туристички водич.
Повеќето агенции во оваа понуда ја вклучуваат и посетата на Метеори – Големиот Манастир , доколку дозволуваат временските услови.
Божиќното село е вистинско доживување, особено за најмалите кои ќе може да ги видат Домот на Дедо Мраз, Куќата на бајките и волшебната шума, Ќуката на џуџињата, Фабрика за чоколадо…