Европската агенција за лекови (ЕМА) на 11 март ќе одлучи дали ќе ја препорача вакцината против Ковид-19 од американскиот производител „Џонсон и Џонсон“.
По одлуката на ЕМА, Европската комисија (ЕК) мора да даде зелено светло, но тоа е формалност што може да се направи истиот ден.
Експерти од ЕМА веќе ги анализираат податоците од клиничките испитувања и истражувањата. САД ја одобри вакцината во неделата.
За разлика од другите, вакцината на „Џонсон и Џонсон“ се прима во една доза.
Во ЕУ досега се одобрени три вакцини, и тоа вакцините на „Модерна“, на „Фајзер/Бионтек“ и на „Астразенека“.