Во потрага по подобар живот и работа, од Македонија бега секој – што може, засекогаш, или времено. Токму тоа се случува и со вработените во хотелско – угостителскиот сектор. Мотивирани, со високи плати и подобри услови за работа – келнери, готвачи, слаткари – масовно заминуваат за Хрватска, додека Охрид, во пресрет на почетокот на туристичката сезона, е без доволен број на работници.
Келнери, бармени, хотелски персонал. Македонија се соочува со сериозен недостиг на работници алармираат од угостителско-туристичкиот сектор.
Велат дека агенциите биле преплавени со огласи за персонал каде се бара кадар буквално за се, од кувари, слаткари, па се до обични работници. Но сето тоа е бадијала, зашто огромоен број Македонци веќе се иселија, револтирани од државата која не прави ништо за да ги задржи дома.
Се помалку работници остануваат дома, се повеќе се иселуваат, па ако се продолжи со ова темпо на работа, ќе дојде и денот кога нема кој и кафе да не послужи.
Соседството, но и подалечните земји, велат упатените, им понудиле далеку подобри услови на работниците, кои за подобар живот решиле да купат билет во еден правец и да ја напуштат земјава.
Туристичките центри, како што се Охрид и Струга, во текот на летната сезона се соочуваат со недостиг од работници за задоволување на потребите во сите дејности, а особено во угостителскиот сектор. Според стопанствениците, потребни се над 500 работници и тоа најчесто келнери и готвачи, кадар што за жал го нема.