дома информација вест Нов Зеланд е земја во која најмоќните лидери носат потпетици

Нов Зеланд е земја во која најмоќните лидери носат потпетици

Во тек е кампања за претстојните избори во Нов Зеланд

538
0

Според анкетите фаворитот на претстојните избори е актуелната премиерка Јасинда Ардерн која доби најмногу симпатии во текот на пандемијата бидејќи ја направи Нов Зеланд, единствената земја која дури два пати успеа да го победи целосно корона вирусот и да дојде до број на активни случаи – 0.

Нејзината опонерка е Џудит Колинс, која е кандидирана од страна на „Националната партија“ на Нов Зеланд. Според некои анкети Џудит Колинс е сериозна опасност за премиерското место на Јадинда Ардерн.

Јасинда Ардерн е кандидат на „Работничката партија“ на Нов Зеланд и лидерка која успеала од просечен работник на шалтер и продажба на билети да стане најважната политичка фигура во Нов Зеланд.

Џудит Колинс, пак е втортата жена лидер на „Националната партија“ и зад себе има успешна кариера како политичарка.

Двете лидерки на партиите за претстојниве избори немаат машки конкурент, што многумина ги наведе да ја наречар Нов Зеланд – земја која произведува моќни лидери што носат потпетици.