Нов Зеланд е единствената земја во светот која досега целосно го елиминирала коронавирусот.
Според премиерката Џасинда Ардерн, оваа цел е постигната од амбиција, но и од страв, бидејќи на почетокот на пандемијата беше заклучено дека системот нема да може да се справи со прогресивната епидемија, објави АП.
Одговорот на Нов Зеланд на појавата на Ковид-19 и пандемијата беше меѓу најуспешните во светот, пред Кина, Тајван и Тајланд.
Оваа земја со пет милиони жители имала само 25 смртни случаи кај пациенти со ковид и вкупно 2.100 заразени.