Само 0,02 отсто од македонските граѓани се заразиле со коронавирус по вакцинацијата.
Конкретно, од вкупно 330.320 граѓани со примени две дози, 96 биле позитивни на ковид-19.
Од нив, 56 се заразиле во период помал од 21 ден од примената втора доза вакцина.
Само 13 од заразените со ковид-19 биле хоспитализирани.
Двајца од нив во моментов се на лекување и се стабилни иако еден од нив е со тешко хронично заболување.
Нема ниту еден починат пациент со Ковид, а кој има примено две дози вакцина.
Министерството за здравство оцени дека ваквиот процент укажува колку е важно граѓаните да се вакцинираат.