Вработените во образовните институции во Грција, кои одбиваат да се вакцинираат или редовно да се тестираат за Ковид-19, ќе се соочат со намалување на платата и други дисциплински мерки, пренесува грчки „Катимерини“.
Новите прописи кои ги донесе грчкото Министерство за образование се со цел за да се обезбеди сигурна и безбедна академска година во училиштата и универзитетите од септември.
Покрај намалената плата, професорите можат да се соочат и со суспендирање од должноста и да останат без плата се додека не се вакцинираат.