Повеќето луѓе можат безбедно да земаат парацетамол, вклучително и бремени жени и доилки, под услов да се грижат за количината.
Вообичаената доза на парацетамол е една или две таблети од 500 мг одеднаш, три до максимум четири пати на ден.
Зошто е важно да не се надминува оваа доза? Парацетамол во големи количини е исклучително токсичен за црниот дроб, посочуваат лекарите.
Истражувањата покажаа дека, под одредени услови, парацетамолот може да го оштети црниот дроб со нарушување на виталните структурни врски помеѓу соседните клетки во органот.
Акутно оштетување на црниот дроб може да се појави кога овој лек се користи над препорачаната максимална дневна доза од 4.000 mg, а потоа парацетамолот станува токсичен.