Студијата спроведена на Универзитетот Колумбија, објавена во списанието Life, покажа дека седата коса e предизвикана од стрес, a понекогаш може повторно да потемни. Откритието го објаснил колумбискиот професор Мартин Пикард, а неговото објаснување го пренесува порталот Pension.
– Разбирањето на механизмите кои овозможуваат старата сива коса да се врати во пигментирана состојба може да даде нови индиции за човечкото стареење воопшто и како стресот влијае на тоа. Податоците што ги добивме придонесуваат за се поголем број докази дека човечкото стареење не е линеарен, запечатен биолошки процес, туку дека може делумно да се забави, па дури и привремено да се обнови, напиша Пикард во изјавата.
Косата, тврди професорот, содржи информации за биолошката историја на човекот, исто како што е впишана во прстените на дрвото. Додека косата е сè уште под кожата како фоликул, на неа влијаат хормоните на стрес, како и другите процеси кои се случуваат во умот и телото.
- СЕДАТА КОСА СЕ ПОТЕМНУВА ЗА ВРЕМЕ НА ОДМОР
Истражувањето опфатило 14 волонтери кои секоја недела во дневникот го забележувале нивото на стрес што го доживеале.
За време на нивните набљудувања, истражувачите забележале дека кај некои испитаници, некои сиви влакна ја повратиле бојата, а оваа промена била поврзана со намалени нивоа на стрес.
Едно лице од одмор се вратило со пет побелени влакна помалку.
За жал, не постои гаранција дека намалениот стрес ќе доведе до потемнување на нашите сивила, особено ако ги имаме долго време.