Научниците прво мислеа дека пристигнале во Одаак, остров откриен во 1978 година од дански истражувачки тим.
Дури подоцна, додека ја проверувале точната локација, сфатиле дека зачекориле на друг остров, кој се наоѓа на 780 метри северозападно.
– Ние сме малку како истражувачи од минатото, кои мислеа дека пристигнале на одредено место, но всушност најдоа сосема друго место – изјави швајцарската претприемачка Кристин Лејстер, која ја финансираше експедицијата.
Малиот остров, со пречник од околу 30 метри, чиј највисок врв е околу три метри, се состои од кал од морското дно, како и морен, група материјали депонирани директно од глечерите кои постојано се движат.
Членовите на истражувачкиот тим рекоа дека ќе го предложат името „Qeqertaq Avannarleq“ за новооткриениот остров, што на „Гренландски“ значи „најсеверниот остров“.
Во истата област, најсеверниот остров во светот го бараа неколку американски експедиции во последните неколку децении.
Во 2007 година, истражувачот на Арктикот, Денис Шмит, откри сличен остров во близина.