Претседателот Илир Мета вечерва објави дека го потпишал договорот со Македонија за заеднички контроли на граничните премини.
–Програмата за соработка Македонија-Албанија, чија главна цел е да придонесе во социо-економскиот развој на меѓуграничните области, како и да ја зголеми соработката меѓу двете пријателски земји го оценувам како реална подршка за потребите на двете земји-наведува Мета.
Договорот кој на 25 ноември го ратификува албанскиот парламент, како што тогаш рече министерот за внатрешни работи Бледи Чучи предвидува на сите гранични премини на албанско – македонската граница ќе има само по еден контролен шалтер.
–Договорот се заснова на модели што ги имаме со другите земји кои ги подготвивме во консултација со мисијата ПАМЕКА во нашата земја. Главните цели се да се олесни движењето на луѓе и стока, да се зголеми соработката во исполнувањето на заедничките безбедносни интереси и брзата размена на информации, да се зајакне професионалниот капацитет на службениците на граничната полиција и да се контролира квалитетот на спроведувањето на законот за граничната контрола-рече Чучи.
Според него, на сите им е јасно оти овој договор има за цел да ги зајакне врските со нашиот сосед и веруваме дека тоа им служи на нашите заеднички напори за ЕУ и иницијативата Отворен Балкан.