Иницијативата Зелен Хуман Град попладнево ги израдуваа скопјани кои имаат миленици, а го користат јавниот градски превоз.
–По неформална дискусија со директорот на ЈСП, потврдено беше од негова страна дека иницијативата за транспорт на миленици во автобусите (во транспортер) ќе биде прифатена! Чекаме официјално тоа да биде соопштено од претпријатието, информираат од Зелен Хуман Град на својата Фејсбук страница каде што соопштија уште две убави вести.
Обезбедени се субвенции од буџетот на Град Скопје за ЈП Лајка, а втората добра вест е поврзана со поставувањето на времените објекти – сите забелешки добиени од експертите се вклучени во стандардите за нивно поставување.