Славниот Џокер ќе го игра Џаред Лето во новото продолжение на популарниот филм, како и во „Одреди за самоубиства“ на Дејвид Ајер, но она што ќе биде поразлично ќе бидат зелените залижани влакна и тетоважите на лицето.
Да потсетиме, Снајдер се повлече од функцијата режисер на снимањето на „Лига на правдата“ во 2017 година, поради расправија со раководството на Ворнер Брос, а сега ХБО Макс му даде можност да направи своја верзија на тој филм што ќе го види светлото на денот 18 март.
Според објавените фотографии, Џокер ќе има долга мрсна коса, препознатливо бело лице и шминка околу устата и очите, но и гумени ракавици и бел фустан, што дефинитивно е новина.
–Предноста на таа сцена со Џокер е тоа што Џокер ќе му каже на Бетмен директно за Бетмен – рече Снајдер.
–Џокер го анализира Бетмен кој е и што е, а Џокер (Џеред Лето) и Бетмен (Бен Афлек) никогаш не се сретнале, што е неправда што ќе ја поправам – додаде тој.