Ако прашате успешни луѓе која е формулата за успех во најголем број на одговорите ќе добиете: Работа, работа и само работа.
Тоа е точен, но не е потполн одговор. Напорната работа не значи ништо, ако не е поткрепена со јасно поставена цел.
На пример еден човек може да работи Сизифовска работа, цел ден да тркала камења. И тој навистина ќе има работен ангажман, но доколку нема цел, нема да има никаков резултат од неговата работа.
Ако, пак, има цел, да ги собере камењата и од нив да направи градба, тогаш тој внимателно ќе ги одбира камењата, ќе ги постави и ќе се види на дело резултатот од неговата работа.
Генералниот совет е да не работите напорно, туку да работите паметно. Многу е важно да си ги поставите целите.
- Одредете што сакате да направите
Важно е да дефинирате што сакате да постигнете со вашата работа.
Дефинирајте ја својата цел и чекорите што треба да ги преземете да ја остварите.
Така ќе рационализирате и време и труд.
- Испланирајте го времето
Не е само да дефинирате ШТО, туку и КОГА треба да се случи очекуваното.
Ако нешто не се исполни за одреден рок, тоа значи дека треба да го преиспитате вашиот организациски план.