Ќе ви треба буквално, само 5 минути да ги направите овие прекрасни велигденски колачиња кои ќе ги освојат срцата и на најмалите и на повозрасните.
Потребни состојки:
- 500 мл. млеко
- 4 кесички ванилин шеќер
- 4 супени лажици шеќер
- 4 супени лажици густин
- 2 чоколади за готвење од јагода
- 2 лажица путер
- 4 пакетчиња ресани
- кокос
Начин на подготовка:
Во сад истурете 500 мл млеко. Додадете ги кесичките со ванилин шеќер. И добро промешајте.
Во истата смеса додадете ги лажиците шеќер и густин. Ставете на тивок оган и мешајте додека смесата не се згусне.
Во веќе згуснатата смеса додадете го чоколадото за готвење и промешајте. Во компактната смеса додадете две супени лажици путер и добро изматете ја смесата.
Земете една ресена и со лажица нанесете од филот по површината. Поклопете со друго ресана колаче.
Слојот од страните израмнете со лажица и на страните нанесете малку кокос.
Подготвени се за послужување!