Поголем дел од луѓето повеќе размислуваат за тоа како да ја заштитат кожата, но не и косата.
Во суштина косата може да настрада на вашето летување доколку не посветите доволно внимание на нејзина нега и заштита.
Неколку совети за заштита и нега на косата:
- Носете капа за пливање
Морската сол не е пријател на вашата коса, напротив може сериозно да го оштети квалитетот и текстурата на влакното.
Освен тоа може да предизвика и првут.
Најдобро е воопшто да не ја оставате косата на директен контакт со морската вода или ако веќе ја мокрите косата, веднаш по излегување од морето, исплакнете ја со слатка вода.
Во спротивно носете капа за пливање и осигурајте се дека косата ќе остане сува под површината на капата.
- Шешир е задолжителен аксесоар за на плажа
Шеширот не е помодарство, ниту треба да биде избор, тој е задолжителен аксесоар за на плажа.
Шеширот на вашата глава ќе ја заштити косата од директно влијание на УВ здраците од сонцето.
- Лимон
Пред да излезете на сонце, нанесете чист лимонов сок на вашата коса.
Витамин Ц од косата ќе го хидрира влакното, а општо е познато дека лимонот учествува во осветлување на бојата на косата дури за неколку нијанси.
- Кокосово масло
Наместо разновидна козметика, од балсами до регенератори за коса, користите органски производи.
Кокосовото масло ќе ја одржи вашата коса помрсна и поеластична со тоа што ќе го спречите кинењето на влакната од косата.