Последните седум години беа најтопли во историјата, а 2021 година беше забележана како петта најтопла.
И покрај ова, светот продолжува да бележи зголемување на емисиите на стакленички гасови предизвикани од климатските промени, се вели во годишниот извештај на Службата за климатски промени Коперник.
Податоците на оваа меѓувладина агенција на Европската унија покажуваат континуиран тренд на пораст на температурите, кои тие ги обвинуваат за користење фосилни горива, чии нуспроизводи задржуваат повеќе топлина во атмосферата, пренесува CNBC.
2021 (уште една година) беше уште една година на екстремни температури со најжешкото лето во Европа, топлотни бранови во Медитеранот, а да не зборуваме за невидени високи температури во Северна Америка, рече Карло Буонтемпо, директор на службата Коперник.
Климатските промени предизвикани од човекот поттикнаа повисоки температури и суши ширум светот, а научниците ги сметаат за „главни и одговорни“ за влошување на катастрофите како што се ураганите, шумските пожари и топлотните бранови. Според експертите затоплувањата во последната година се показател дека глобалното затоплување од година во година ќе станува се пореален и опасен проблем за глобалното население.