Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција зборуваше за неколкуте чекори кои неговата партија ги планира со цел, како што рече, да ја сруши ненародната власт и посочи дека прв чекор е интерпелација на Никола Димитров.
– Заев и Димитров се тандемот кој ветуваа европска иднина. Распродадоа се што можеше да се распродаде овие четири години, а она малку што остана сакаат да тргуваат со него и всушност гледаме дека не доведоа до ќорсокак. За ова мора да се понесе одговорност. Имаме повеќе чекори кои ќе водат кон рушење на владата која е без легитимитет. Но, првиот ќе биде поднесување на интерпелација за Димитров во Собранието. Има да одговорат на прашањата кои целата јавност ги поставува. Доста е за загубите кои се колективни поради нивната неспособност – рече Мицкоски.