Жени писателки и филозофки од минатото немале честа прилика да се потпишат со своето име и презиме доколку сакале да објават авторско дело.
Но некои од нив извршиле силно влијание врз „совеста“ на мажите и ги навеле да се залагаат за нивните права во своето авторско дело.
Ви издвојуваме 3 имиња од машката филозофска сцена што има значан придонес за унапредување на женските права:
- Платон
Феминистичките мислители/ки често го споменуваат Платон како првиот машки феминист во историјата.
Имено Платон во делото „Држава“ зборува дека во идеалната држава мажите и жените се рамноправни.
Во суштина тоа е кореспондентно на Платоновата торија дека општиот закон е оној на кој сите треба да му се покоруваат, а него го спроведува кралот-филозоф.
Платон имал намера да ја избегне замката на владеење на личности, наместо владеење на општ закон.
Личносисте се полни со страсти, афекти и суета, а општиот закон е дестилат на разумот и затоа е најдобро според Платон идеалната држава да се изгради по принципи на општиот закон на кој подеднакво ќе се покоруваат и мажите и жените!
- Џон Струјард Мил
Тој е преставник на утилитаристичката школа, а своите заложби за правата на жените ги утврдува во есејот „Подредувањето на жените“.
Овој филоф од 18 век, заедно со неговата сопруга Хеирета Тејлор Мил, потенцира дека жената е во подредена положба во општеството кое ја присилува да се подредува на мажот.
Според Џон Струјард Мил, мажите и жените имаат еднакви способности, со таа разлика што на жените не им е дадена шансата да ги докажат своите способности и креативност.
Ако на жените им се дадат истите права како на мажите, смета Џон Стјуард Мил, тогаш разликите помеѓу мажите и жените во смисла на достигнувањата, целосно ќе се избришат!
- Жан Пол Сартер
Францускиот филозоф од 20тиот век, Жан Пол Сартер важи за еден од филозофите кој се залагал за унапредување на женските права.
Иако тој нема директна заложба, очигледна е неговата поддршка на Симон де Бовоар, со која воедно бил во љубовна врска.
Симон де Бовоар е авторка на книгата „Вториот пол“ во кој за прв пат се нагласува дека клулните разлики кои ги субординираат жените не се од биолошка, туку од социјална природа.