Ден по протестната блокада на патиштата во Србија од еколошки причини, во Белград се одржа нов поврзан собир со повторени барања до властите да го променат односот кон проблемите со заштитата на животната средина и да почнат да ги применуваат законите за најголемите загадувачи.
–Не е во ред моето петгодишно дете да знае да користи апликација за квалитет на воздухот за да знае дали да го изнесеме надвор или не.
- Србија мора да направи се за да обезбеди квалитетен воздух за најмладите
Нов Зеланд е една од најчистите земји во светот каде што реката има статус на жив човек, но ние се боревме за неа, мора и вие, изјави Новозеланѓанецот Керол Јагиќ, кој пред две години се преселил во Србија.
Со години, па и пред неколку децении, Белград и многу други градови во Србија, но и во регионот, се високо котирани на листите за најзагадени во светот.
Новиот еколошки протест организиран од движењето Еко гард е еден од низата демонстрации поради лошиот квалитет на воздухот во оваа земја.
Дека аерозагадувањето не е проблем од вчера, туку со децении, постојано укажуваат и претставници на властите во Србија и тврдат дека веќе направиле многу за жителите да дишат поздраво.