Чешката полиција употреби солзавец и водени топови за да растера стотици демонстранти во Прага кои ги нападнаа полицајците по протестот.
Протестот е организиран беше против новите ограничувачки мерки на владата за спречување на ширењето на коронавирусот.
Најмалку 20 лица се повредени во судирите меѓу полицијата и демонстрантите, пренесува АП.
Илјадници луѓе присуствуваа на протестот, вклучително и љубители на фудбалот и хокејот, кои протестираа против мерките, како што е забраната за спортски натпревари и затворање на барови и ресторани.
Извор: Нова Македонија