Светската кулинарска новинарка Јанеке Вругденхил ги наведува нејзините омилени рецепти со домати. Посебно ја издвои, Шопската салата, која оваа новинарка ја пробала додека била на посета во Скопје во 2019-та година. Таа ја нарекува салата со домати од Скопје.
– Менијата беа полни со локални јадења, а секое звучеше уште подобро од следното. На секое мени се наоѓаше едно јадење: шопска салата, салата од краставици, домати, кромид и бело сирење. Бидејќи има мали шанси да најдете македонско бело сирење во супермаркетот зад аголот, секое друго бело сирење ќе го стори истото – пишува Јанеке во својата колумна за девет омилени рецепти со домати.