Властите во германскиот град Валдорф им наредиле на сопствениците на мачки во некои делови од градот своите миленици да ги чуваат затворени дома до крајот на август, додека не мине периодот на гнездење на еден многу загрозен вид на птици.
Градските власти денеска ја усвоиле таа уредба за цуцул-чучурлигата, која своите гнезда ги прави на земја, поради што нејзините младенчиња се лесен плен за предаторите. Популацијата на тие птици во последните децении во западна Европа драстично се намалила.
Во одлуката на властите било наведено дека “опстанокот на тој вид, меѓу другото зависи и од секоја птица”, а најавено е дека мерката се однесува на сопствениците на мачки во јужните делови на градот и дека ќе биде спроведена и во наредните три години.
Одлуката предизвикала бура кај сопствениците на мачки, па и кај локалните активисти за заштита на животните.
Регионалниот дневник “Rhein Nekar Zeitung” објавил дека шефот на локалната организација за заштита на животните планира да преземе правни чекори за да ја оспори одлуката на градот.
Останете мирни. Ве уверувам дека ќе направиме се што можеме за да ја спречиме таа мерка, рекол тој.