Според истражувањата на Радио Слободна Европа, трошоците за живот се најниски во Косово од сите земји на Западен Балкан. 

Македонија се наоѓа веднаш зад Косово на листата на земји со најниски трошоци за живот од Западен Балкан.

Најскапо за живот е во ЕУ, поточно во Хрватска, а веднаш по Хрватска највисоки се трошоците во Црна Гора.

Србија, Босна и Херцеговина и Албанија се наоѓаат во средишниот ранг на земји по висина на трошоци за живот.