Во македонскиот јазик постои изрека: Навиката е една мака, одвиката е две маки.

Многу е потешко да се одвикнете од она што претходно сте го правеле, отколку да се навикнете на нешто ново.

navika
Навиката е една мака, одвиката две!

 

Тоа е затоа што човекот многу полесно учи, одошто заборава.

Да научи нешто ново му треба релативно кратко време, да го заборави тоа што го знае му треба многу повеќе време.

 

Затоа луѓето и кога ќе заминат во нова средина и по низа години и успешен живот во новата средина, чувствуваат носталгија.

Носталгијата не е ништо друго туку спомени и сеќавања на минатите навики и животна организација.

Сепак ви откриваме колку време реално е потребно човекот да се навикне на новите услови.

Тоа ви е значајно доколку воведовте нов режим на исхрана, сменивте факултет или работно место, место на живеалиште и сл.

Потребни ви се минимум 7 дена

За се тоа потребно ви е минимум 7 дена да се принавикнете на новите услови.

Првите 7 дена може да се чувствувате исцрпени бидејќи вашиот мозок се труди да ги организира новите сетилни податоци кои стигнуваат до него.

По првите 7 дена веќе имате примарна организација која понатаму со тек на време се надоградува!