Многу често сме ја слушнале фразата „добро пишување“, но никој точно не знае на што реферираат луѓето кога за нешто ќе кажат дека е добро напишано.
Јазикот кој се користи при пишување зависи од видот на текстот – дали е информативен, уметнички текст, од забавен карактер, од научен карактер (научна терминологија) и сл.
Сепак, постојат некои универзални техники кои ги применуваат „добрите пишувачи“, а еве кои се:
- Повеќе информации на малку простор
Густото пишување се постигнува преку различен тип на тропи и стилски фигури.
За квалитетно пишување се смета она кое може да пренесе повеќе, јасни пораки во што е можно помали јазични целини.
- Јазична коректност
Многу е важно во еден текст да ја видите писменоста на оној што го пишувал.
Правилни реченици, следење на ситаксички правила, правопис, правилна морфологија и општо познавање за јазикот кое се применува во пишувањето.
- Јазичен идентитет
Текстовите на добрите пишувачи имаат специфичност по која секогаш може да ги препознаете.
Преку текстот, која и да е неговата намена, можете да ја препознаете енергијата со која некој ви се обраќа, препочени се неговите мисли и текстот има елементи на субјективност колку и да е научно-објективен.
- Интертекстуалност
Добриот пишувач нема да ви ги даде сите одговори, неговата задача е да ве инспирира вас да преземете лични чекори.
За добро напишан текст се смета оној кој ќе ве наведе да прочитате помеѓу редови и да го одгатнете скриеното значење.
Автор: Магдалена Стојмановиќ