По многу обемно истражување, утврдено е дека постои поврзаност помеѓу крвната група и зголемениот ризик од срцеви заболувања.
Истражувачите од Универзитетскиот медицински центар Гронинген во Холандија споредиле податоци од повеќе од 1,3 милиони луѓе.
Откриле дека ризикот од кардиоваскуларни проблеми кај крвните групи А, Б или АБ е девет проценти поголем отколку кај луѓето со крвна група 0.
Експертите веруваат дека овие луѓе имаат поголемо ниво на протеини за згрутчување на крвта, што може да заглави вена, а тоа е една од главните причини за срцев удар.
Исто така, луѓето со крвни групи А, Б и АБ имаат поголема веројатност да имаат повисок холестерол, како и повеќе воспалителни процеси.