Медот е многу здрава намирница, но не треба да се претерува со неговото консумирање. Светските експерти од областа на здравата исхрана не препорачуваат младите да земаат повеќе од две до три лажички од овој сладок нектар дневно.
За луѓето кои страдаат од одредени болести, не се препорачува да земаат повеќе од една лажица во текот на денот.
Дебелите луѓе и оние кои страдаат од дијабетес, атеросклероза или хипертензија треба да бидат внимателни кога ја консумираат оваа храна.
Покрај ова, нутриционистите предупредуваат дека алергијата на мед е многу честа појава и дека секој може да биде алергичен, без разлика на возраста.