Кина го засили тестирањето на замрзната храна откако повеќе пати го открила корона вирусот во увезените производи и нивната амбалажа, што пак предизвика масовни тестови за храна и персонал, суспензија на одреден увоз и нарушување на трговскиот проток.
Затоа Кина го суспендираше увозот на 99 добавувачи од 20 земји за да спречи влегување на вирусот во земјата, сепак, големите земји за производство на храна стануваат сè пофрустрирани со кинеските контроли врз увезените производи.
Иако се смета дека корона вирусот се прошири од кинескиот град Вухан низ целиот свет, кинескиот „Глобал тајмс“ изрази сомневање дека присуството на вирусот врз увезената храна може да биде доказ дека вирусот дошол во Кина од странство.