Кина забрани влез на патници од Велика Британија и Белгија и постави строги стандарди за тестирање за посетителите од САД, Франција и Германија поради зголемениот број на заразени со корона вирус во тие земји.
Кинеската амбасада во Велика Британија вчера објави дека властите привремено го блокирале влезот на некинески државјани кои патуваат од Велика Британија, дури и ако имаат важечки визи и дозволи за престој, пишува „Ројтерс“.
Слично соопштение објави и кинеската амбасада во Белгија, која најави забрана за патување во Кина од таа земја.
Дополнително, од 6 ноември, сите патници од САД, Франција и Германија мора да направат двоен тест, ПЦР -тест и тест за антитела, пред да влезат во Кина.
Слично барање ќе важи од 8 ноември за патниците од Австралија, Сингапур и Јапонија.