Министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата „Трилинг“ што ќе се емитува вечерва, најави замзнување на цените на основните прехранбени продукти од страна на Владата.
– Наскоро ќе ги замрзнеме продажните цени на основните прехранбени производи, пред се – брашно, шеќер, ориз, зејтин, можеби и на месото, открива министерот во најавата за вечерашното издание на емисијата Трилинг.
Ваква одлука на 30 ноември веќе донесе соседна Србија.
Одлуката, која ќе се применува за период од 60 дена, предвидува и производителите да не смеат да ги испорачуваат овие производи во количини помали од просекот во последните 12 месеци.
За непочитување на наведените одредби предвидени се парични казни во износ од 100 000 до два милиони динари, како и забрана за вршење дејност во период од шест месеци до една година.