Многу писатели имале саркастично излагање на тема – женидба. И оние кои биле вечни ергени и оние кои имале брачно искуство.
Тоа доведува до заклучок дека без разлика дали имале или не лично искуство, некои од писателите ја девалвирале целосно концепцијата на брак, свадба и женидба, пародизирајќи ја нивната смисла и суштина.
Еве неколку примери:
–Својата автобиографија ја завршувам со својата женидба затоа што сметам дека човек откако ќе се ожени нема биографија.
Бранислав Нушиќ
–Ако се ожениш ќе се каеш, ако не се ожениш, пак ќе се каеш. Што значи или да се ожениш, или да не се ожениш, секако ќе се каеш.
Сорен Киркегор
–Во секој случај оженете се. Ако најдете добра жена, ќе бидете среќен човек. Ако наидете на лоша жена, ќе станете филозоф!
Сократ
–Совршен брак би подразбирал слепа жена и глув маж.
Мишел де Монтењ
–Кога не можела да ја укине љубовта, црквата се обидела да ја дезинфицира, па го смислила бракот!
Шарл Бодлер
–Мажите се женат затоа што се уморни, жените затоа што се радознали. На крајот исходот е ист и за двајцата – разочарување!
Оскар Вајлд
–Мојот сопруг и јас не можеме да се одлучиме дали да купиме куче или да добиеме дете. Деламата е всушност дали да го уништиме килимот, или нашите животи.
Рита Раднер
–Да се ожениш значи да ги преполовиш своите права и да ги дуплираш своите должности.
Артур Шопенхауер
–Образована жена е вистински „камшик“ за својот сопруг, за своите деца, за својата послуга и за целиот свет!
Жан Жак Русо
-Брак е како печурка. Дали е добар или отровен, забележуваш кога е веќе доцна!
Мигел де Сервантес