Имено, истражувачите во Колорадо откриле дека луѓето кои имаат повеќе пријатели на Фејсбук се со посиромашно здравје, а се особено подложни на респираторни инфекции на горниот респираторен тракт.
Ризикот од инфекција е поголем кај луѓето кои се вознемирени, токму поради Фејсбук. Ова може да значи дека тие се загрижени затоа што некој не одговорил на нивниот коментар или порака или ако не го прифатиле нивното барање за пријателство.
–Корисниците кои страдаат од ваков вид на вознемиреност се најавуваат на Фејсбук неколку пати на ден. А, вознемиреноста е поврзана со опаѓање на имунитетот и посиромашно здравје – тврди студија објавена во списание во која 89 студенти одговориле на прашања за нивното здравје и навиките на Фејсбук.
Авторот на студијата, Јayеј П.Камписи, зборуваше за употребата на Фејсбук и времето поминато на таа социјална мрежа, како и за неговото влијание.
–Ако сакате да се чувствувате помалку осамени или посреќни и поздрави, не е начинот на кој гледате во вашиот мобилен телефон или компјутер, рече Јayеј П.Камписи.
Ова не е прва студија која покажува дека Фејсбук не е добар за здравјето.
Имено, претходното истражување потврди дека колку подолго останувате на Фејсбук, толку полошо се чувствувате затоа што се чини дека го барате својот живот.
Сепак, во споредба со сурфањето на Интернет, Фејсбук е обележан како помалку значаен, помалку корисен и како поголемо губење време, што доведува до полошо расположение.