Секој од нас во потсвеста носи дека целосна реализација на една љубовна приказна се случува со склучување на брак.

Затоа често ќе слушнеме изреки од типот – Бракот е круна на љубовта.

Овој пат одлучивме да ги прашаме мажите, кој бил пресудниот момент кога сфатиле дека таа е вистинската и решиле целиот живот да го поминат со една жена.

Или во превод кој е идеалниот тип на жена за брак според мажите?


Уште кога ја видов знаев дека таа е вистинската. Кога прв пат ја гушнав знаев дека никогаш нема да сакам да ја пуштам и дека сакам да остане во мојот живот засекогаш. Во нејзините очи видов нешто што ми се допаѓа. А очите се огледало на душата. – Вели М.К (44)

Ми се допаѓаше тоа што е сериозна и стабилна. Како ја запознавав сфаќав дека животот ќе ми биде среден со неа и дека ќе се грижи за семејството како што треба. Едноставно беше жена за брак. – Според изјавата на С.А (38)

На прашањето кои карактеристики ги имаа идеалната жена, ги добивме следните одговори:

Таа е своја, има своја личност и е преинспиративна, секој ден со неа е возбуда и забава, дури и кога решаваме сериозни работи. – К.П (27)

Изгледа скормно и пристојно, учтива е и ги почитува моите пријатели и семејство. Не ми прави проблеми за ситници и ги исполнува своите обврски на време и точно! – Според С.Д (56)

Кога сфатиле дека го направиле вистинскиот избор?

Беше покрај мене додека бев болен и поминавме многу години во сиромаштија и борба да ги израснеме децата. Во ниту еден момент не направи нешто за себе, туку целиот живот го посвети на нашата заедница. Сега сфаќам дека тоа е вистинскиот избор! – Изјави Т.С (70)

Не знам по што е посебна, ама веќе ја избрав и не се прашувам што би било кога би било. Едноставно уживам во заедницата со неа секој ден. – Според А.П (32)