Успехот не е предодреден, на успехот во кое било поле од животот континуирано и долго се работи.
Прво вложувате труд и енергија како инпут, а по многу години уживате во плодовите од вашата работа, како аутпут.
Да се биде успешен значи да се биде посветен на замислените цели и работлив.
Успешните луѓе споделуваат слични навики и имаат ист животен стил:
- Организација
Организираноста е една од доминантните карактеристики на успешните луѓе.
Тие прво прават план во својата глава и роковникот и ги исполнуваат активностите една по една.
Но без да го организираат своето време, кое е пари, тие не го почнуваат работниот ден.
- Соработливост
Успешните луѓе во туѓиот успех гледаат и свој. Ако ви треба групна работа тогаш најдобро е да соработувате со успешни луѓе.
Тие процесот нема да го оспоруваат, туку ќе туркаат напред бидејќи се свесни дека групниот успех значи и нивен личен успех.
Успешните луѓе не бараат проблем, туку начин!
- Чувство за приоритети
Освен што постои организација на нивните работни активности, постои и градација.
Тие прво ќе ги завршат приоритетните задачи и ќе се вложат најмногу во нив, а за помалку важните работи ќе ја штедат својата енергија.
Успешните луѓе не се трошат беспотребно!
- Скромност
Успешните луѓе никогаш не се фалат со својот успех. Тие скромно ги прифаќаат своите успеси и сигурно чекорат во остварување на своите цели.
Знаат дека туѓото признание и восхит не носи ништо конкретно.
Затоа не трошат многу време да ги импресионираат другите луѓе со себе!
- Стабилност
Успешните луѓе имаат ригидни етички максими, планови и предвидувања кои не може никој да ги наруши.
Тие се свои и доследни на своите принципи и затоа не можете да очекувате од нив зборот кој го дале, да го погазат.
Просто тие директно ви кажуваат како можете и смеете, а како не со нив!
Автор: Магдалена Стојмановиќ