Познато е дека мозокот никогаш не мирува – активен е и кога спиеме, бидејќи ја одржува работата на органите и го следи дишењето. Новата научна студија откри дека мозокот извршува уште некои „ноќни обврски“.

Истражувањата покажаа дека мозокот додека спие „активира аларм“ против можни закани од непознатото.

За да истражат како мозокот ја следи нашата околина, Мануел Шаубус од австрискиот универзитет во Салцбург и неговите колеги следеле 17 луѓе, кои во просек имале 23 години, две ноќи во лабораториски услови.

Првата вечер испитаниците се навикнале на лабораториските услови, а втората вечер тим научници пуштале снимки од човечки гласови додека спиеле, од кои некои им биле познати на „спијачите“, а некои непознати.

Снимките се пуштале четири пати по 90 минути, со пауза од половина час помеѓу секоја рунда за да се намалат шансите да се разбудат.

Гласовите би кажале три лични имиња, од кои две беа вообичаени, но непознати за испитаниците, а третото беше името на лицето што спие.

Кога учесниците во студијата слушнале непознати гласови, научниците забележале зголемување на К-комплексот, еден вид мозочен бран кој е бавен и изолиран.

Студијата покажа дека непознатите гласови ги вознемируваат луѓето кои спијат повеќе од познатите, вели Џули Дарбишир од Универзитетот во Оксфорд, пренесе „Њу Сајентист“, пренесува Спутник.

Практично, непознатите гласови предизвикуваат посилна мозочна активност од познатите гласови.

Научниците забележале дека активноста на К-комплексот била помала во втората половина на ноќта.

„Тоа значи дека можеме да научиме нешто ново во речиси несвесна состојба“, истакна Шаубс.

Тој истакна дека тоа, сепак, не значи дека можеме да научиме некои нови зборови за време на спиењето.

„Потребна ви е ноќ за да спиете и да се одморите. Ако не спиете правилно, тоа може да направи повеќе штета отколку добро кога станува збор за учењето“, додаде Шаубс.