Предавството може да предизвика голема болка, особено ако сме ја доживеале од некој што е многу близок до нас.
Главно, тоа ќе биде личност за која не би можеле да претпоставиме дека ќе направи такво нешто за нас.
Кога тоа ќе се случи, нашите чувства се мешаат и ние често чувствуваме голема болка заради она што ни е направено.
По вакво искуство, многу е тешко да му верувате на некого повторно.
Иако можеби ви е тешко да го преболите предавството и повторно да верувате на некого, постојат одредени начини на кои можете сепак да си помогнете.
Психологот Реми Кукер и терапевтката Џесика Конкуш објаснуваат каква е траумата на предавството, како се појавува, но и како можеме најдобро да го надминеме.
Во 1990 година, психологот Џенифер Фрид го смисли концептот на траума на предавство за да објасни што се случува кога луѓето или институциите од кои зависи индивидуа, ја нарушуваат неговата доверба и благосостојба.
–Неверството, злоупотребата или заплашувањето на партнерот се само некои од примерите што доведуваат до нарушување на довербата во врската и создавање траума, објасни таа.
Опсегот на траума може да го опфати периодот од детството кога нашите потреби не беа исполнети до зрелоста, кога наидуваме на разни проблеми во односите со други луѓе.
Траумата на предавство со себе носи неможност да се препознае ситуацијата што доведе до развој на траума, но и да ја разбере.
Кога некој ќе не изневери, тешко е да воспоставиме функционална врска со друга личност, да и веруваме и често чувствуваме лутина и имаме емоционални потешкотии.
За да препознаете дали сте во врска каде што доживувате таква траума, експертите ве советуваат да си поставите неколку прашања, како што се:
„Дали се чувствувам безбедно во оваа врска?“,
„Дали сум емоционално заштитен?“.
Многу луѓе се обидуваат да го игнорираат предавството од други луѓе затоа што сметаат дека ќе им биде полесно.
Сепак, тоа не е добро, затоа што треба да бидете свесни и да размислите зошто некое лице се однесувало така на вас.
Побарајте поддршка од пријателите и семејството, но исто така бидете свесни дека вие сте тој што треба да работи на надминување на емоционалните потешкотии.
Ако ви треба, не двоумете се да побарате помош од психотерапевт.
Започнете да вежбате здрави рутини, како што се вежбање, јога или медитација.
Најважно е да направите што сакате и да одвојувате малку време за себе секој ден.