Ако некој од вашето семејство не е алергичен, испрскајте малку освежувач во кујната.
Внимавајте да не претерате, бидејќи голема количина може да го засили непријатниот мирис.
- Лимон
Во зовриената вода додадете го лимонот кој сте го исечкале на кришки.
Намалете ја температурата и оставете да се готви околу триесет минути.
- Каранфилче
Во зовриената вода додадете една шака каранфилче.
Намалете ја температурата и оставете да се готви дваесетина минути.
- Кромид
Исецкајте една главица црвен кромид и ставете ја во зовриена вода. Извадете ја шерпата од шпоретот, а потоа истурете ја течноста во неколку пластични садови.
Потоа наредете ги садовите низ целата куќа. Оставете преку ноќ. Непријатниот мирис ќе исчезне до утро.
- Направете природен освежувач на воздухот
Ставете еднакви количини сок од лимон и вода во шише со распрскувач. Испрскајте ја целата кујна и непријатниот мирис набрзо ќе исчезне.