Сте биле во емотивна врска долго време, вашиот партнер е многу романтичен, грижлив и ви e убаво заедно. Но, не сте сигурни дали тој е вистинската личност за вас, личноста со која би сакале да го поминете животот.
Експертот за партнерство Јана Хокинг вели дека со помош на едноставен тест од само две секунди, можете да ја решите оваа дилема:
– Обично тоа го правам по три месеци врска со мојот партнер. Добро го гледам и се замислувам како стојам во венчаница, подготвена да му се придружам пред олтарот. Потоа се прашувам: “Како го гледам тој човек и како се чувствувам?”, “Дали сум возбудена, не можам да верувам дека сум толку среќна и дека тој ќе биде мојот сопружник?” Или мислам: „Тој е добар човек и ќе имам убав и пријатен живот со него“.
Во првиот случај, тој човек е вистинската личност за вас и треба да останете со него. Но, ако сте повеќе склони да одговорите на второто прашање, тогаш најдобро е да се разделите со него бидејќи оваа опција не нуди голема љубов, туку само сигурно партнерство, и тоа сигурно не е она што го сакате.