Министерот за здравство на Јордан поднесе оставка откако најмалку шест пациенти починаа на одделот за борба против коронавирус во болница поради недостаток на кислород, пренесуваат државните медиуми.
Пациентите починале во болниците во градот Салт, по што премиерот наредил истрага и побарал министерот за здравство, Натир Обедијат, да си даде оставка.
Државните медиуми потврдуваат дека оставката е поднесена.
Јордан, дом на десет милиони луѓе, се соочи со нагло зголемување на бројот на заразени и починати од коронавирусот и се бори да добие вакцини, пишуваат тамошните медиуми.
Повеќе од 465.000 случаи на зарзени со коронавирус се регистрирани во Јордан за време на пандемијата, а повеќе од 5.200 се починати, анализираат медиумите.
ЕУ издвои осум милиони евра за да му помогне на Јордан во набавката на вакцините.
Втората пратка од „Ковакс“ се очекува во април.