Јапонската префектура Канагава објави дека пронашла уште едно шише вакцина „Модерна“ против Ковид-19 за која постои сомневање дека содржи страна супстанца, додека остатокот е ставен во мирување.
Властите во префектурата изјавија соопштија дека фармацевтот пронашол неколку црни честички во една од вијалите, откако отишле да проверат за страни супстанции пред да ја користат вакцината.
Јапонија престана да користи 1,63 милиони дози Модерна вакцина минатата недела, откако беше известена за контаминација на некои резерви.
Модерна и шпанската фармацевтска компанија „Рови“, која ги полни вакцините за Модерна, рекоа дека причината може да биде проблем во производството, а европските регулатори за безбедност започнаа истрага.
Префектурата Канагава рече дека домашниот дистрибутер Такеда Фармацевтик собрал вијала со сомнителни честички и дека околу 3.790 луѓе веќе добиле инјекции од истата серија.