Сите работници во Италија во јавниот и приватниот сектор ќе мора да имаат потврда дека се вакцинирани со барем една доза вакцина, дека неодамна прележале коронавирус или дека се негативни на вирусот, рече министерката за регионални прашања Маријастела Гелмини.
Така, Италија може да стане првата европска земја во која ковид – потврдата ќе биде задолжителна за сите работници. Италија се одлучува на овој чекор со цел да принуди повеќе луѓе да се вакцинираат и да го потиснат ширењето на инфекцијата.
Министерката Гелмини рече дека утрешната владина седница ќе биде важен момент во врска со тоа кој сѐ мора задолжителното да го поседува тој документ.
– Се движиме кон задолжителен ткн. зелен пасош не само за работниците во јавниот, туку и во приватниот сектор – додаде Гелмини.
Околу 65 проценти од 60-те милиони жители на Италија се целосно вакцинирани. Утрешната средба би можела да биде многу напната и останува да се види дали владата ќе го одобри предогот на Гелмини.