Една од трите врби, поставени во реката Вардар, е речиси целосно уништена. Тие беа дел од проектот „Скопје 2014“, а за нив беа потрошени неверојатни над 317.000 евра.
Симболично или не, прва се исуши врбата која го носеше името „Надеж“. Таа беше оштетена во невреме уште во август и веќе со месеци стои искршена и исушена.
Врбите беа поставени во 2011 година, во три армирано-бетонски жардиниери во форма на квадратни призми, со имињата Вера, Љубов и Надеж.
„Врбите се уметничко дело, а не садници“, одговараше авторката на обвинувањата, која во 2012 рече дека целиот проект чини 250 илјади евра кои „не се потрошени само за садници туку за целиот проект“.