На денешната прес-конференција претседателката на инспекцискиот совет – Магдалена Филиповска Грашкоска изјави дека инспекциските служби направиле 2183 контроли за време на епидемијата и увиделе бројни неправилности во работата на пред се угостителските објекти.
Инспекторите од пазарната инсепкција имале 24 пријави за пречекорување на работното време низ неколку угостителски објекти во Македонија.
Тие поднеле 2 кривични пријави против угостителски објекти кои организирале свадби и 7 кривични пријави за угостителски објекти кои не ги почитувале протоколите – растојание на маси, број на лица кои седеле на масите и сл.