Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, рече дека направил четири тестови истовремено за вирусот корона, од кои два биле позитивни, а два негативни.
Тој го објави на својот Твитер и изрази сомнеж дека нешто лажно се случува.
–Денес бев тестиран четири пати за вирус корона. Два теста беа негативни, два позитивни. Иста машина, иста сестра, ист тест. Брз тест за антиген – напиша Маск, пренесува Ројтерс.