Хрватскиот министер за здравство Вили Берос денес изјави дека верува оти околностите во врска со набавката на вакцините преку Европската комисија ќе се подобрат и додаде дека во спротивно Хрватска ќе биде ориентирана и кон некои други производители.
Според него, Хрватска сè уште е ориентирана кон заеднички набавки преку Европската комисија и смета дека околностите ќе се подобрат, а во прилог на тоа зборуваат и вечерашните најави на производителите на вакцини дека ќе ги зголемат дозите.
–Меѓутоа, ако не е така, ќе мора да се ориентираме и да се организираме кон некои други производители. Хрватска оствари одреден контакт со руските здравствени власти и е добиена одредена документација, изјави Берос за ХРТ.
Тој исто така објасни дека процесот на евалуација во ХАЛМЕД ќе започне утре и додаде дека во овој момент тој не може да каже дали документацијата е завршена и колку ќе трае постапката.
На прашањето дали е можно да се увезе руски Спутник без одобрение од ЕМА во Хрватска, тој објасни дека тоа е теоретски можно преку увоз во итен случај, и на прашањето дали ќе го поддржи ако е потребно, тој одговори:
–Доколку е потребно, јас лично ќе поддржам затоа што тоа ќе значи дека механизмите на ЕК и ЕУ не успеаја, што верувам дека нема да се случи.